Колку се важни податоците кои ги чувате на вашите сервери за нормално функционирање на вашето деловно работење?

Доколку податоците со кои располагате се неопходни за нормално дневно извршување на вашата дејност или нивното чување и одржување е законски утврдено и регулирано, тогаш сигурноста на податоците е основата на континуитет на работењето и вашата иднина.

Природна непогода, прекин на електрична енергија или електричен шок, пад на сервер, вирус, неовластен упад или физичко унишутвање на серверите... Постојат најразлични причини кои можат да го сопрат нормалното извршување на вашите работни задачи.



Во Архивскиот центар ИНБОХ создадовме дата центар за безбедносно чување на вашите податоци. Од Е-mail пораки и документи, до базите на податоци и содржината на вашиот Intranet, вашите највредни податоци ќе бидат безбедни со нас. Ќе направиме копии и ќе ги чуваме на издвоена локација која се одликува со редундантност на сите подсистеми и комплетна електронска и физичка безбедност, креирана според највисоките светски стандарди.

Потребна ви е поголема достапност? Во случаите каде што вашите деловни потреби инсистираат на пократко време на обновување на дефектен систем, ќе чуваме идентични копии на вашите сервери кои дневно ќе се надградуваат со вашите последни податоци. Во случај на дефект, ќе извршиме експресна достава, било каде во земјата. Вашиот бизнис нема да претрпи загуба.

Сигурноста ќе ја гарантираме со комплетно реплицирање на НАШАТА инфраструктура – оддалечена најмаку 100 километри од примарната локација, со што вашите податоци ќе бидат безбедни и во случај на непогоди од регионален размер. Вие добивате заштита од трет степен.
Физичкa Aрхивa

Физичкa Aрхивa

Совршена организациска ефикасност

Е-Aрхивa

Е-Aрхивa

Информациите на дланка

Дигитализација

Дигитализација

Целосна контрола над документацијата

Архивско сеф депо (media vault)

Архивско сеф депо (media vault)

Кога безбедноста е врвен приоритет

Kонсултантски услуги

Kонсултантски услуги

Документарниот центар ИНБОХ нуди соодветни консултантски услуги со цел олеснување ...

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1492574251686
BDD = 1492574251686
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk