Концептот на електронското архивирање, Е-Архива, претставува интегриран систем кој овозможува лесен и брз пристап до вашата физичка и електронска документација. Со ова, цела ваша документација, физички архивирана и/или скенирана, е поставена на безбедна база на податоци со 24/7 онлајн пристап. Вашите вработени ќе можат да најдат, да споделуваат и процесираат документи со само еден клик.
Нашиот систем овозможува електронско чување на документи од различен тип и формат (скенирани документи, електронски датотеки, електронска пошта, звучни записи, фотографии, работни процеси и сл.)

Пристапот до Е-Архивата е овозможен преку Интернет пребарувач, така што не е потребна никаква нова опрема или софтвер. Откако вашите вработени ќе бидат авторизирани и ќе им се доделат привилегии согласни со вашето работење, се што треба да направат е да се логираат со уникатно корисничко име и лозинка доделено од Инбох. Со ова вашата архива е заштитена од неовластен пристап.
Е-Архивата на ИНБОХ е развиена во согласност со законските прописи за канцелариско и архивско работење. На тој начин, самиот софтвер води евиденција за категоријата и функционалната важност на секој документ посебно, со што се овозможува едноставна селекција и отстранување на документите на кои им е поминат рокот за чување, а со тоа и намалување на трошокот за физичко чување.


Бенефиции за вас:
- Исклучително брзо пребарување и пронаоѓање
- Следливост на движењето и употребата на секој документ
- Зголемена продуктивност
- 24/7 онлајн пристап од било каде
- Создавате ваша Е-канцеларија со што заштедувате на простор и ги минимизирате трошоците за физичко чување на документите.

СПЕЦИЈАЛНИ ПРОДУКТИ поврзани со услугата Е-Архива

• Комплетна дигитализација и Е-архива 
- Проектно дигитализирање на целата документација започнувајќи од одредена година до достигнување на тековната година. Индексирање по договорени параметри и утврдување на типови на документи. Креирање на Е-Архива и доделување привилегии на авторизираните лица од вашата компанија за пребарување, побарување и преглед на дигитализираната документација.
После проектното скенирање се започнува со тековно скенирање (неделно, месечно, квартално) во зависност од вашите потреби.
За повеке информации контактирајте нè тука
• Проектна дигитализација и приспособување на Е-архива од страна на клиентот
После проектната дигитализација се прави адаптација на Е-архива во зависност од вашите потреби. Вие добивате пристап до апликацијата и привилегија за едитирање на истата, со што ќе можете самостојно да ја создавате Е-архива на дневно ниво. Скенирањето , индексирањето и обработката на документите ќе биде на ваша страна.
За повеке информации контактирајте нè тука

CONTENT

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk