1. Вовед                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        
    Безбедноста на податоците на клиентите кои се доставени на чување во ИНБОХ, како и достапноста на податоците потребни за секојдневнотo работење на ИНБОХ се основите за дејноста на компанијата.
    Оваа Политиката за безбедност на информации претставува определба на Раководството на ИНБОХ во имплементирање, одржување и унапредување на систем за управување кој треба да обезбеди доверливост, интегритет и достапност на податоци кои се однесуваат на работењето на ИНБОХ, пред се тоа се податоците на клиентите кои се доставени на чување во ИНБОХ, како и податоците потребни за секојдневноте работење на ИНБОХ.
    Целта на политиката за безбедност е да обезбеди механизми кои можат да спречат компромитирање, злоупотреба и истекување на информациите, во било која форма и медиум.
    Системот за управување со безбедност на информациите се состои од сет од документирани правила, како и техничка инфрастурктура и контроли врз системите кои ги складираат и процесираат информациите.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    
  2. Цели                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          
    Безбедноста на информациите во ИНБОХ ќе се спроведува преку:
    • • Примена на светски стандарди и на постојната законска регулатива за архивско работење.
    • • Следење и примена на законска регулатива на РМ, поврзана со безбедноста на информациите, како што се заштита при работењето, заштита на лични податоци итн.
    • • Обезбедување на ресурси за примена на технички мерки за обезбедување на физички безбедна средина како за имотот на клиентите, така и за вработените во ИНБОХ.
    • • Редовна проценка на ризиците за загрозување на доверливоста, интегритетот и достапноста на информациите, и преземање мерки за нивно сведување на прифатливо ниво.
    • • Контрола на пристапот до информациите за да се обезбеди достапност само на оние на кои им е наменета.
    • • Чување записи од сите акции на вработените во Инбох во било кој информациски систем со кој работи компанијата.
    • • Навремено детектирање и справување со инциденти и слабости во безбедноста на информациите преку користење на внатрешен систем за пријавување на инциденти (Incident Management System) како и редовни тестирања на опремата и информацискиот систем за ранливости кои можат да се појават како од внатрешен, така и од надворешен фактор.
    • • Обезбедување на деловен континуитет во работењето, за критичните процеси на ИНБОХ
    • • Свесност на вработените во врска со оваа политика.
    • • Примена на дополнителни политики, упатства и правила во секојдневното работење на ИНБОХ кои ја поддржуваат, надополнуваат и комплетираат оваа политика како што се политика за пристап, за класификација и управување со информациите, политика за правилна примена на средствата итн.
    • • Политиката предвидува тестирање на безбедноста на информацискиот систем преку надворешни сертифицирани компании.
    • • Назначување на Офицер за безбедност за информации кој ќе ги координира сите активности на системот за управување со безбедност на информациите и доделување на одговорности кај другите вработени.

Политиката е одобрена од страна на Управителот на ИНБОХ и се применува на сите локации и средства на ИНБОХ.

Сите раководители на сектори да се директно одговорни за спроведување на политиката и осигурување на придржување кон истата од страна на вработените во нивниот соодветен сектор.

ИНБОХ се обврзува да ги исполнува горенаведените цели, редовно да ги преиспитува и надополнува целите согласно меѓународните стандарди за безбедност на информации, да следи трендови во областа на безбедност на информациите преку присуства на семинари и следење на форуми, да ја подига свеста на своите вработени за важноста на безбедноста на информациите со вршење на обуки во рамките на компанијата, како и надворешни обуки за раководителите. Да врши проверки и преиспитување на Политиката на редовни временски интервали и при поголеми измени во организацијата и инфраструктурата на информацискиот систем на ИНБОХ.

Инбох се обврзува на целосна примена на сите барања на стандардот ИСО27001 кои ги опфаќа во своето работење. Со резултатите од редовните проверки ќе се предложуваат измени и воведување на нови технологии со цел подобрување на системот на безбедност на информации.

Непридржување на правилата и принципите на оваа политика и останатите политики и правила кои произлегуваат од оваа Политика од страна на вработените, е предмет на дисциплински мерки.

Изјава од претседателот

  

Мисија и визија

  

Политика за квалитет

    

Организациона структура

  

Тимот на Inbox

  

Референтна листа

  

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1492574251686
BDD = 1492574251686
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk